• вторник, 24 декември 2024

Заврши Парада на гордоста во Приштина

Заврши Парада на гордоста во Приштина
Приштина, 1 јули 2021 (МИА) - Активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата во Косово денеска четвртипат организира Парадата на гордоста, што се одржа во рамките на годинешната „Недела на гордоста“, јави дописникот на МИА од Приштина. Парадата беше помасовна од претходните години и помина без инциденти. Парадата на гордоста годинава се одржа под мотото „Заедно и горди“, а според организаторите, „има за цел јакнење на ЛГБТИ-лицата за нивно соочување со секојдневната дискриминација во Косово“. По 2017 година во Приштина редовно се одржуваат Парада на грдоста, освен лани, кога не беше организирана поради пандемијата на Ковид-19. Пред тоа, од 2014 со 2016 година, во Приштина беа организирани маршеви на припадниците и поддржувачите на ЛГБТИ популацијата. Сите овие манифестации поминаа без посериозни инциденти и само со помали јавни демонстрации на противниците на ваквите манифестации. Парадата на гордоста во Приштина финансиски беше поддржана од косовската Влада и од повеќе земји-членки на Европска Унија. Организатори на парадата бае Центарот за развој на општествените групи (ЦСГД) и Центарот за слобода и еднаквост (ЦЕЛ), заедно со нивните партнерски организации, меѓународната Заштитници на човековите права (ЦРД), и косовските Иницијатива на младите за човекови права (ЈИХР КС) и Центар за родови студии (КЦРС). иа/ми/

Остани поврзан