Заврши летната школа во Гостивар
- Со изложби, демонстрации на наученото и доделување на сертификати за учество, во паркот пред општинската зграда, беше означено завршувањето на манифестацијата „Летна школа 2023“.
Гостивар, 31 јули 2023 - Со изложби, демонстрации на наученото и доделување на сертификати за учество, во паркот пред општинската зграда, беше означено завршувањето на манифестацијата „Летна школа 2023“.
Учениците од основните училишта од општина Гостивар изминативе четири недели посетуваа курсеви и следеа содржини од повеќе области (музика, спорт, образование, уметност) по програма што ја подготвија професионални едукатори.
На свеченоста по повод завршувањето на активностите присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари и искажа задоволство од одѕивот и постигнатото.
-По четири недели работа, посветеност, учење, активност и забава, денеска заврши Летната школа за 2023 година. На ова второ издание на летната школа се пријавија околу 500 ученици кои учење, активност и забава ги водеа професионални ментори. Се надевам дека летната школа ќе остане традиција и ќе се одржува и понатаму, рече градоначалникот Арбен Таравари, кој лично им се заблагодари на менторите кои беа ангажирани.
Летната школа има цел да ги ангажира децата за време на летниот распуст и да ги открие младите таленти во градот во различни области истовремено овозможувајќи поголемо дружење.згм/свс/
Фото: МИА