• вторник, 24 декември 2024

Заврши изградбата на пат во село Коинце, општина Старо Нагоричане

Заврши изградбата на пат во село Коинце, општина Старо Нагоричане

Куманово, 1 октомври 2024 (МИА) - Заврши изградбата на патот во село Коинце, општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од општината. Изграден е пат во должина од 1,1 километар за што се одвоени шест милиони денари.

- Станува збор за продолжување на проектот изградба на патен правец, претходно беа обезбедени финансиски средства за изградба на 1, 1 километар помеѓу селата Челопек и Коинце, годинава продолжи изградбата на дополнителни, 1, 1 километар, изјави заменик-градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски.

Жителите на Старо Нагоричане очекуваат поефикасно поврзување со останатите патни правци. Инвестициите, сметаат надлежните обезбедуваат поврзување на селата, населението, побрз пристап до регионалните патишта од североисточниот регион кои го подобруваат квалитетот на животот на жителите во руралната општина. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан