• петок, 08 ноември 2024

Заврши есенскиот дел од македонското првенството во пинг-понг

Заврши есенскиот дел од македонското првенството во пинг-понг
Скопје, 18 октомври 2020 (МИА) – Со одигрувањето на последниот турнир од есенскиот дел, викендов заврши првенството во пинг-понг во Супер лигата. Резултати во последните две кола: 8.коло: Работнички - Вардар 3:4 Нец - Струга 4:0 Шампион ФА - Младост 3:4 Нец 2 - Радовиш 4:2 Младост 96 - Крива Паланка 2007 4:2. 9.коло: Крива Паланка 2007 - Работнички 4:2 Радовиш - Младост 96 0:4 Младост - Нец 2 4:3 Струга - Шампион ФА 1:4 Вардар - Нец 4:1. Екипата на Младост 96 од Прилеп со максимален учинок, девет победи од девет одиграни натпревари неприкосновено го освои првото место. На второто место се наоѓа уште една прилепска екипа, Младост која единствениот пораз во есенската полусезона го забележаа против градскиот ривал Младост 96. Во последните две кола Младост забележа минимални победи од 4:3, против директниот конкурент за второто место, штипските Шампион ФА и екипата на НЕЦ 2. Од четвртото до седмото место потполно изедначени според бодовната состојба се наоѓаат четири екипи, новиот супер лигаш Крива Паланка 2007 е на четвртото место, петтопласиран е Вардар кој после почетните четири порази на почетокот на сезоната, во следните пет кола забележа четири победи, шеста е екипата на НЕЦ 2 за кои игра играчот од Србија Милош Миленковиќ, кој во есенскиот дел од сезоната нема пораз, и на седмото место се пласираа Работнички кои со поразите во последните две кола од четвртото место паднаа на седмото место на табелата. Радовиш е осмопласиран со бод повеќе од екипата на НЕЦ. Последна е екипата на Струга кои во есенскиот дел не забележаа ни една победа. Важно е да се спомене дека на сите натпревари од петте турнири кои се одиграа во СЦ Борис Трајковски, А1 арена максимално се почитуваа препораките за борба против корона вирусот. Натпреварите од Супер лигата продолжуваат напролет. зс/

Остани поврзан