• четврток, 19 декември 2024

Заврши асфлатирање на повеќе улици во Куманово

Заврши асфлатирање на повеќе улици во Куманово

Куманово, 4  февруари 2024 (МИА) - Заврши реконструкција на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ една од најстарите улици во градот која ги поврзува зелениот пазар и болницата, соопштија денеска надлежните. 

-Завршено е асфалтирање на улица Христијан Тодоровски Карпош од градска болница до градски пазар, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Реконструкцијата се реализираше како дел од „План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2023 година“ која Советот на општина Куманово ја донесе во јануари лани. Улицата извесен период беше оштетена поради фреквенцијата на возилата.

Општина Куманово за реконструкција на оваа улица одвои 2.532.070 денара од ланскиот буџет. Неделава заврши и асфалтирање на улицата „Никола Вапцаров“. Од тековниот буџет за 2024 пак одвоени беа 1.814.839 денари за реконструкција на улицата во близина на болницата. Избрана компанија заврши со асфалтирање на улицата.Претходно, во јануари заврши и поставување на асфалт во приградската населба Карпош. Асфалтирани се три улици, „111“, „112“ и „208“. За „112“ одвоени се 1.135.000, за соседната „111“, 1.186.00, за „208“ 2.100.000 денари или севкупно над 4. 420.000 денари. ам/дма/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан