Забрана за сообраќај на патот Крушево - село Пуста Река, поради наноси од снег
- Од 16.42 часот регионалниот пат Р517 кој води од Крушево до с.Пуста Река, е во прекин поради големи намети од снег и паднати дрва на коловозот, соопшти АМСМ.
Скопје, 1 декември 2024 (МИА) -Од 16.42 часот регионалниот пат Р517 кој води од Крушево до с.Пуста Река, е во прекин поради големи намети од снег и паднати дрва на коловозот, соопшти АМСМ.
Забрана за сите видови на возила, поради наноси од снег, од 14.35 часот, беше воведена и на регионален пат Тетово - Попова Шапка. Поради врнежи од снег забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Снег со слаб интензитет попладнево провејува низ целиот западен дел од земјата, додека во останатите делови врнежите се од дожд.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ОД АМСМ известуваат дека сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се уште се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила. Од 15 ноември во сила е и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.вг/
Фото: МИА Архива