• понеделник, 23 декември 2024

Жител на Крим осуден на 21 година затвор за соработка со Украина

Жител на Крим осуден на 21 година затвор за соработка со Украина

Севастопол, 14 октомври 2024 (МИА) - Жител на Севастопол, на црноморскиот полуостров Крим е осуден во Русија на 21 година затвор за „велепредавство“ во корист на Украина, соопштија денеска руските безбедносни служби (ФСБ).

Од почетокот на руската офанзива против Украина во февруари 2022 година, судењата за „саботажа“, „предавство“, „тероризам“ или „шпионажа“, кои генерално носат тешки казни, значително се зголемија, начин да се ограничи противењето на руската инвазија.

Осудениот, чие име не е објавено, бил регрутиран од Украинската специјална служба (СБУ) во 2022 година. Тоа лице е прогласено за виновно за пренесување информации на Украина за локацијата на руските воени единици во Севастопол, пристаниште на руската Црноморска флота, се вели во соопштението на регионалниот огранок на ФСБ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан