• сабота, 23 ноември 2024

Жител на Грчец обвинет за недозволено држење оружје и муниција

Жител на Грчец обвинет за недозволено држење оружје и муниција
Скопје, 15 мај 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 40 години од Грчец за кривично дело  – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот, кој неколку месеци беше недостапен на органите на прогонот, на 7 декември 2019 година, на земјениот пат за селото Крушопек, над селото Грчец, заедно со уште едно обвинето лице, во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција – едно полуавтоматско кусо огнено оружје „Застава M57” со калибар 7,62Х25мм од југословенско производство со осум куршуми во шаржерот. Освен ова, сега обвинетиот кај себе држел и едно полуавтоматско кусо огнено оружје Застава M88”со калибар 9мм Para од југословенско производство со четири куршуми во шаржерот, информираат од обвинителството. Оттаму информираат дека полициските службеници најпрвин извршиле претрес во домовите на обвинетите, па утврдиле дека тие се движат со возилото и тргнале по нив. -По извесно време двајцата обвинети го запреле возилото, излегле од него и побегнале, а оружјето и муницијата ги оставиле во автомобилот. По настанот, едниот обвинет беше лишен од слобода и против него беше поднесено обвинение на 9 март, велат од ЈО. Постапувајќи по поднесениот Обвинителен акт, Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот веќе донесе Пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од две години. -За вториот обвинет постапката беше запрена до неговото пронаоѓање и лишување од слобода на 17 април. Заедно со Обвинителниот акт поднесен против него денеска, надлежниот јавен обинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело., информираат од обвинителството. ир/дма/

Остани поврзан