• сабота, 23 ноември 2024

Жителите на Гома се враќаат во домовите по ерупцијата на вулканот Њирагонго

Жителите на Гома се враќаат во домовите по ерупцијата на вулканот Њирагонго
Киншаса, 23 мај 2021 (МИА) - Жителите на градот Гома во Демократска Република Конго денеска почнаа да се враќаат во своите домови по синоќешната ерупцијата на вулканот Њирагонго, а лавата стигна до градот. Вулканот Нирагонго се наоѓа во националниот парк Вирунга, на помалку од 20 километри северно од Гома и недалеку од границата со Руанда. Лавата пристигна до Гома, која брои два милиона жители. По ерупцијата жителите на Гома го напуштија градот и побегнаа во Руанда. Руандските власти ги олеснија граничните ограничувања и им овозможија на граѓаните влез во земјата. Поголемиот дел од лавата помина низ националниот парк, во кој има најразновидните растителни видови и заштитени планински горили. Вулканот Њирагонго последен пат еруптираше во 2002 година, кога лавата уништи големи делови на Гома, при што загинаа околу 250 лица, а 120.000 лица останаа без покрив над главата. ми/

Остани поврзан