„Животот е прекрасен“ нова премиера на штипскиот Народен театар
- Животот е прекрасен“ е новата претстава на ансамблот на Народен театар - Штип. Режијата и адаптацијата е на Бојан Трифуновски, работена по текстот на Џо Лендри.
Штип, 10 ноември 2021 (МИА) - „Животот е прекрасен“ е новата претстава на ансамблот на Народен театар - Штип. Режијата и адаптацијата е на Бојан Трифуновски, работена по текстот на Џо Лендри.
Режисерот Трифуновски на денешната прес-конференција рече дека се работи за интерактивна претстава со порака дека и покрај сите трагедии и проблеми, животот е прекрасен.
- Принципот на работа беше американски, со само 45 дена, каде што актерите требаа брзо да го совладат текстот и многу брзо да се качат на сцена. Божиќна приказна на Дикенс, старата класика, вели Трифуновски.
Порача дека претставата има многу музика и карактери кои посакуваат да имаат сила да опстојат, во ова време на изолација, лаги и спинови. Време кога автентичноста на лагите е пореална од реалноста.
Директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“ - Штип, Горан Трајков, истакна дека станува збор за квалитетна претства, која штипскиот Народен театар го подига на повисоко ниво, а публиката, како што рече, може да ужива во незје наредните два месеци.
Актерите на Народниот театар-Штип порачаа публиката да дојде и да ја види најновата претстава „Животот е прекрасен“, бидејќи, како што кажаа, „ќе ужива“, а не испуштија да ја пофалат и соработката и текот на процесот со режисерот Трифуновски.
Улогите во претставата ги играат актерите Милорад Ангелов, Ефтим Трајчев, Анѓелка Нашкова, Миле Вртеовски, Пеце Ристески, Марија Минчова Андонова, Ава Хусеини и Стефанија Митовска. Драматург е Трајче Кацаров, сценографија, костими и дизајн Љупчо Јованова.
Премиерата на „Животот е прекрасен“ е утревечер во 20 часот на сцената на Народен театар - Штип. вдј/ар/