• вторник, 24 декември 2024

Желбата за брза заработка ги навлече кавадарчани на апликации за брзи пари

Желбата за брза заработка ги навлече кавадарчани на апликации за брзи пари

Кавадарци, 13 октомври 2024 (МИА) - Нискиот стандард, големата желба за заработка без труд, лакомоста и алчноста се само некои од причините што ги навлекоа кавадарчани на апликации за брзи пари. Ниту информациите дека пропадна една од ваквите апликации „Конти“, не ги одвраќа од намерата да заработуваат на ваков начин и одново  ризикуваат и инсталираат нови апликации на своите мобилни телефони. И додека многумина се прашуваат дали во ваквите случаи станува збор за модерен начин на пирамидални измами, од Секторот за внатрешни работи - Велес потврдуваат за МИА дека нема пријавено измами преку интернет апликации за игри.

Модерен комар на работа, дома и во кафеана

Во разговор со жители на Тиквешијата, МИА открива дека вирусот со апликацијата „Конти“ толку многу ги зафатил поединци, што еден член од фамилија вклучувал други од поширокото семејство, правејќи им акаунти дури и на постарите роднини, па и на помладите. Се играло, како што велат тиквешани, модерен комар, фамилијарно дома, колегијално на работа, пријателски по угостителски објекти.

МИА разговараше со двајца кавадарчани на возраст до 45 години. Едниот вели дека играл и добил, а другиот вели дека не е ниту зијан, ниту ќар.

- Се работи за своевидна игра. Добиваш поени. Еден поен, еден долар или криптовалута. Криптото е врзано за долар. Поени имаме за ќар. Арно ама, во последно време го блокираа трансферот на поените. Па кажаа дека е одблокиран, но, треба да се плати депозит во рок од три различни денови. А и тоа е измама, коментираат соговорниците кои сакаат да останат анонимни.

Велат дека апликацијата во земјава стартувала некаде на почеток на годината. Веќе во септември, луѓе почнале да ги губат парите. Според нивни информации, од вкупно околу 14 илјади лица вклучени во апликацијата, околу четири илјади изгубиле на крајот од играта.

- Конти, Конти - тоа беше како магичен збор каде и да отидеш. Имаше и богати кои сакаа да станат уште побогати. Не знаеме дали беше поради недоволна информираност, желба да се излезе од сиромаштија, или и тоа и тоа, алчност или надеж за брза заработка, брзи пари без работа. Некои на почетокот се тргаат на страна, не сакаа, ама гледајќи како сите уплаќаат и тие влегоа во барабанот. Тие кои пробаа, повлекоа првични заработки и се повлекоа, спечалија нешто. Поалчните кои одеа докрај, изгореа, коментираат нашите соговорници, додавајќи дека се надеваат оти ќе ги извлечат заробените пари.

Во рамки на серијалот видеа #FONTalks, претседателот на ФОН Универзитет Сефер Цаноски денеска ќе испрати порака како одговор за последиците од коронавирусот. 

Во меѓувреме, растел интересот за нови апликации за брза заработка. Само што овојпат, наместо кликања за допаѓања за филмови, на големо се купувале пакети, акцелератори што наводно ти ја користат неискористената моќ на телефонот и уште неколку други апликации од типот на „Конти“.

Тие кои на почетокот не верувале, влегле на крај, кога се покажа дека не требало

Во разговор за МИА, кавадарчанецот Александар Димков вели дека бил вработен во „Конти“ и добил канцеларија според нивото што го достигнал во апликацијата, која потекнувала од странство. Тврди дека во интернет групата членувале околу 14 илјади лица, од кои околу осум илјади од Кавадарци.

- Не сум зијан, но, огромна заработка, како што се зборува, немам. Никој точно не знае колку пари се свртеле во „Конти“ во неколку земји, иако се шпекулира со милионски суми во евра. Имам заканувачки повици и пораки, но, никој не е измамен, особено не од мене. Ние само им објаснувавме на луѓето како функционира апликацијата. Во самата апликација стои дека никој не е одговорен, ако не се исплатат заработените пари, поради оправдани причини, подвлечува Димков.

На прашањето дека кај некои од оние кои играле постои загриженост да не им се злоупотребат податоците, бидејќи при регистрирањето на апликацијата, морале да внесат сликана лична карта, Димков вели дека секој своеволно пристапил и никој со сила не бил присилен. За оние кои земале кредити за да учествуваат, тоа било нивна одлука, вели Димков. На почетокот, младите биле повеќе навлечени на играта, а на крајот повозрасните.

- Тие кои на почетокот не веруваа, влегоа на крајот, кога веќе се покажа дека не требало, вели Димков.

Според него, сиромаштијата не била причина да се влезе во игра, бидејќи имало и луѓе со многу пари кои сакале да ризикуваат и да заработат.

- Јас го работев ова со надеж дека во еден нов и модерен свет, ќе им помогнеме на луѓето да заработат, не да изгубат, вели тој.

Инфо-центарот во Кавадарци работел три месеци и сега кога требало да се продолжи договорот за закуп, сопственикот на просторот ја откажал соработката, откако апликацијата имала лош крај.

Неопходни се поголема внимателност и свесност за можниот ризик

Според социологот Валентина Таскова, општествените промени и напредокот на техниката носат нови обиди за измами меѓу луѓето.

- Во овој случај и сличните на него, лицата кои се вклучиле во апликацијата, го правеле тоа доброволно. Нискиот стандард на живот и желбата за повеќе пари без многу работа, се дел од причините поради што се влегувало во игра. Неопходни се поголема внимателност и свесност за можниот ризик, вели Таскова за МИА.

Пандемијата го смени начинот на живот, а особено влијае на патувањата, така што веќе се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународниот сообраќај, т.н. ковид п

Сличен став има и Анастасија Танева, психолог и лиценциран Гешталт психотерапевт.

- За жал, светот е веќе многу материјалистички насочен и секој на брз начин се стреми да дојде до голема заработка и тоа е првата цел со која се приклучуваат кон ваков тип на заработки преку интернет, вклучувајќи го тоа дека многу голем број од млади лица лесно и брзо влегуваат во ова, поради достапноста и отвореноста кон светот преку социјалните мрежи, вели Танева за МИА.

Додаде дека оваа тема е доста комплексна и за жал во пораст, а со брзината на развојот на технологијата и интернет измамите, очекува да биде и почеста.

Светлана Дарудова

Фото: МИА архива

Остани поврзан