• понеделник, 23 декември 2024

Жалби на ранг листи за избор на судии за Апелационен суд Битола на седница на Судски совет

Жалби на ранг листи за избор на судии за Апелационен суд Битола на седница на Судски совет

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) – Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 505-та седница со почеток во 10 часот. На дневниот ред се повеќе точки, меѓу кои барања на судии за надомест за патни трошоци и закупнина на стан, како и жалби на предлог ранг листи на кандидати за избор на судии за Апелационен суд Битола.  

Советот денеска ќе го разгледува и усвојувањето на записникот од претходната седница, утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија, и донесување одлуки за престанок и избор на судии поротници.

Исто така, ќе се формира комисија за спроведување на избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите и ќе се донесе одлука за денот на спроведување на изборот. 

Дополнително, треба да биде донесена одлука за измена на формирана комисија за вонредно оценување на кандидат по објавен оглас  за избор претседател на Основен суд Крушево и формирање на Комисија за увид и оценка на судија, како и одлучување по приговор за редовно оценување на судија.

На седницата ќе се разгледуваат и извештаи од работни групи за Апелационен суд Скопје, Основен суд Кавадарци и Основен суд Гевгелија, како и известувања на комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија или претседател на суд. ар/дма/


Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан