• вторник, 24 декември 2024

ЕУ планира помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина

ЕУ планира помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина
Брисел, 21 октомври 2022 (МИА) - Европската унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот на ЕУ.
Таа на прес-конференција рече дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде дека министрите за финансии на ЕУ се задолжени да развијат соодветен механизам за давање пари на Украина.
На самитот, кој меѓу другото се занимаваше и со војната во Украина, балтичките земји побараа формирање специјален суд за злосторства за време на инвазијата што Русија ја започна на крајот на февруари. паг/
 

Остани поврзан