• понеделник, 16 декември 2024

ЕУ го осуди терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток

ЕУ го осуди терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток

Брисел, 30 ноември 2024 (МИА) - Европската унија најостро го осудува терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенац во Зубин Поток на северот на Косово, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), наведувајќи дека тоа е неприфатлив чин на саботажа на критичната цивилна инфраструктура која обезбедува вода за пиење за значителен дел од населението и е витална компонента на енергетскиот систем.

Во соопштението се наведува дека ЕУ им понудила помош на властите во Приштина и продолжува да ги координира следните чекори во обезбедувањето помош со своите партнери, вклучително и КФОР.

Од ЕЕАС  нагласуваат дека ЕУЛЕКС ќе им пружи помош на властите во Приштина во согласност со својот мандат.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел изјави дека ЕУ изразува солидарност со сите погодени од нападот.

Во соопштението се нагласува дека нападот во Зубин Поток мора да се истражи, а сторителите да се изведат пред лицето на правдата.

Во оваа насока, ЕУ ќе продолжи внимателно да го следи развојот на настаните, се заклучува во соопштението.сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан