• среда, 25 декември 2024

Ерменија испрати до Азербејџан предлог мировен договор

Ерменија испрати до Азербејџан предлог мировен договор

Ереван, 16 февруари 2023 (МИА) – Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека Ереван испратил предлог за мировен договор до Азербејџан и до Групата од Минск.

- Република Ерменија вчера ја заврши работата на уште една фаза од договорот за воспоставување мир и односи со Азербејџан, а нашите предлози беа испратени до азербејџанската страна. Под предлози подразбираме комплетен нацрт документ кој ги содржи нашите предлози. Документот го испративме документот и до  копретседавачите на Групата од Минск на ОБСЕ, истакна Пашинјан.

Тој додаде дека е јасно оти документ треба да биде прифатлив и за Азербејџан.

- Се надеваме дека ќе успееме да го надградиме значителниот напредок на кој бевме сведоци од третиот круг преговори. Нашата визија е следна: документот мора да содржи логика на договореното, функционален систем на проверки и меѓусебна контрола, што исклучува секое сценарио за кршење на трајниот мир. Значењето на тоа е дека потпишувањето на документот не треба да води до војна, туку напротив да доведе до траен мир, нагласи Пашинјан.

Тој вчера уште еднаш ја потенцира подготвеноста на ерменската Влада и неговата лична подготвеност да потпише мировен договор, кој ќе стане залог за траен мир. ми/

Остани поврзан