• вторник, 24 декември 2024

Ериксен одбил две понуди од Бундеслигата

Ериксен одбил две понуди од Бундеслигата
Милано, 5 октомври 2020 (МИА) - Играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен ги одбил понудите на Борусија (Дортмунд) и Херта (Берлин), открива „Скај Спорт“. Двата клуба од Бундеслигата го посакуваа на позајмица, а тренерот на „нероазурите“ Антонио Конте се согласил на трансфер. Данскиот репрезентативец потпиша со италијанскиот тим пред само 10 месеци, откако го напушти Тотенхем за 20 милиони евра. Сепак, Ериксен не се вклопи во тимот, нешто што Дортмунд и Херта се обидоа да го искористат. Од почетокот на сезоната, тој одигра само 73 минути за Интер.

Тагови

Остани поврзан