ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
- Женската ракометна репрезентација на Македонија предмалку ги доби противниците на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија о 28. ноември до 15 декември годинава

Дебрецин, 18 април 2024 (МИА) - Женската ракометна репрезентација на Македонија предмалку ги доби противниците на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија о 28. ноември до 15 декември годинава.
Ракометарките се најдоа во групата А со домаќинот Унгарија, Шведска и Турција.
Домаќин на нашата група е Дебрецин.
За женската ракометна репрезентација ова ќе биде седмо учество на Европските првенства.дс
Фото: Архива