Енрике пред Суперкупот: Во Катар се чувствуваме како дома и сакаме да го освоиме трофејот
- Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ги сподели своите очекувања за Суперкупот на Франција против Монако.
Доха, 5 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ги сподели своите очекувања за Суперкупот на Франција против Монако.
- Натпреварот против Монако е финале против еден од најдобрите тимови во Лига 1, така што треба да покажеме многу високо ниво. Но, ние сме подготвени и ќе видиме на што сме способни. Ова ќе биде посебен натпревар за престижниот трофеј и ние сме многу заинтересирани да го освоиме, изјави Енрике.
Тренерот на ПСЖ потсети и на Светското првенство во Катар во 2022 година.
- Катар има неверојатни стадиони и одлична спортска инфраструктура. Ова го забележав за време на Светското првенство во 2022 година. Генерално, имам прекрасни спомени од Светското првенство што се одржа овде. И денес имаме чувство дека играме дома. Ова не е само затоа што некои од нашите играчи веќе играа тука на Светското првенство, туку и затоа што чувствуваме дека ПСЖ има посебен третман во Катар, изјави Енрике.
Натпреварот ќе се одигра на 5 јануари во Доха со почеток во 17:30 часот. зс/
Фото: ЕПА