• сабота, 20 јули 2024

ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид доби нова енергетски ефикасна фасада

ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид доби нова енергетски ефикасна фасада
Охрид, 24 јули 2020 (МИА) – Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ во Охрид добива нова, современа и енергетски ефикасна фасада. Станува збор за зафат што се спроведува преку соработка на Министерството за образование и Општина Охрид, а истиот предвидува и реновирање на училишната работилница. Изминатиот период средношколскиот центар доби целосно нов покрив, променета е целата дограма на објектот, а беа поставени и нови тавани во сите простории, со современо енергетски штедливо ЛЕД осветлување. Со средства на Општина Охрид наредниот период е предвидено да бидат поставени и нови подови во сите училишни простории. Инаку, средношколскиот центар во Охрид последните неколку години добива сосема поинаков лик, а за потребите на образовната установа изградена е и целосно нова повеќенаменска спортска сала. Како последица на нерешните имотно-правни односи изминативе децении немало никакви зафати за одржување на објектот. Новото раководство на центарот успеа да ги реши имотните прашања, што отвори простор за спроведување различни активности за подобрување на условите за настава, но и за привлекување донации и помош од европските фондови.аб/бт/

Остани поврзан