• среда, 25 декември 2024

Емили Блант во нова каубојска серија

Емили Блант во нова каубојска серија

Лос Анџелес, 25 ноември 2022 (МИА) - Британската глумица Емили Блант е актуелна со улогата на англиската аристократка, лејди Корнелија Лок, која бара одмазда за смртта на нејзиниот син, во новата каубојска мини серија „Англичанката“ (The English).

Во 1890 година, лејди Лок пристигнува во американскиот Среден Запад за да го пронајде виновникот за смртта на нејзиното дете. Илај Вип (игра Чески Спенсер) е пензиониран коњички извидник, Домороден Американец, кој сака да си ја врати својата земја и наследството на своите предци. Патиштата им се вкрстуваат, а сѐ тоа е вкоренето во заедничко минато... Сценарист и режисер е Хјуго Блик. Од ТВ-серијата засега се најавени шест епизоди, и веќе е достапна на стрим-платформата „Ејч-би-о макс“.  си/сд/

Остани поврзан