• понеделник, 16 декември 2024

Електричната енергија од обновливи извори учествува со 56 отсто во вкупната германска потрошувачка

Електричната енергија од обновливи извори учествува со 56 отсто во вкупната германска потрошувачка

Берлин, 26 април 2024 (МИА) - Електричната енергија произведена од обновливи извори, според прелиминарните пресметки на Центарот за истражување на соларна енергија и водород Баден-Виртемберг (ZSV) и здружението за комунални услуги BDEV, учествуваше со околу 56 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Германија во првиот квартал од 2024 година.

Германските електрани кои користат обновливи извори на енергија произвеле околу 75,9 милијарди киловат-часови електрична енергија од јануари до март 2024 година, што е девет отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, објави веб-страницата Clean Energy Wire.

Само копнените ветерни електрани во Германија произвеле 39,4 милијарди киловат-часови електрична енергија во првиот квартал, што претставува повеќе од една четвртина од вкупната побарувачка. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан