• сабота, 27 јули 2024

Елези: Атмосферата во репрезентацијата е здрава и позитивна, многу сме мотивирани пред дуелот со Украина

Елези: Атмосферата во репрезентацијата е здрава и позитивна, многу сме мотивирани пред дуелот со Украина

Скопје, 13 јуни 2023 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Агон Елези, зборуваше за атмосферата во националниот тим за време на подготовките пред квалификацискиот  натпревар за ЕП 2024 со Украина

 

- Енергијата на тренинзите е на високо ниво, иако е крај на сезоната. Сепак, тоа е доказ колку сме мотивирани, колку е здрава и позитивна атмосферата во тимот. Мора да бидеме позитивни и да веруваме. Не очекува исклучително силен натпревар со репрезентација која има нов селектор и веројатно дополнителен импулс за позитивен резултат. Морам да кажам дека тренираме одлично, се чувствуваме добро. Сето тоа треба да се пренесе на натпреварот. Свесни сме што не очекува, Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени. Се е можно и ќе дадеме се од себе. Се надеваме на позитивен резултат, изјави Елези.

 

Натпреварот ќе се игра на 16 јуни (петок) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. зс/

Остани поврзан