• сабота, 23 ноември 2024

ЕК започнува анализа на деловните практики на инфлуенсерите 

ЕК започнува анализа на деловните практики на инфлуенсерите 

Брисел, 19 октомври 2023 (МИА) - Европската комисија соопшти дека заедно со властите на земјите членки на ЕУ во рамки на Мрежата за заштита на потрошувачите, во следните недели ќе ги следи објавите на т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи со цел да утврди дали тие со своите објави ги доведуваат потрошувачите во заблуда, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Како што посочи ЕК, инфлуенсерите кои се вклучени во редовни комерцијални активности, како рекламирање производи или услуги на одредени марки на производители, согласно законодавството за потрошувачи на ЕУ, се сметаат за трговци и имаат обврска да ги објавуваат рекламите на транспарентен начин. 

Според проценките на ЕУ, маркетингот што го вршат инфлуенсерите во глобални рамки во 2023 година ќе оствари приход од 19,98 милијарди евра, со што се претвора во еден од столбовите на дигиталната економија. 

Целта на анализата е да се утврди дали има потреба за измени во законодавство за дигиталните пазари, со цел тие да станат побезбедни за потрошувачите. 

Според еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, инфлуенсерите мора да ги почитуваат правилата за фер комерцијални практики, а нивните следбеници на социјалните мрежи имаат право на транспарентни и веродостојни информации. 

По неговата виртуелна средба вчера со министерот за правда Бојан Маричиќ, еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, во пишана изјава за МИА порача дека Северна Македонија треба да продолжи со р

- Бизнисот на инфлуенсерите се развива и многу потрошувачи, пред се млади луѓе, па дури и деца, им веруваат на нивните препораки, истакна Рејндерс. 

Сепак, како што нагласи еврокомесарот, и за овој бизнис мора да важат законските обврски, па затоа ЕК ја лансираше платформа „Правен центар за инфлуенсери“ (ИЛХ), која ќе им овозможи на актерите во овој сектор да се запознаат со правилата на ЕУ. 

- Ги повикувам инфлуенсерите да играат по тие правила, додаде Рејндерс.  

На ИЛХ платформата инфлуенсерите и авторите на онлајн содржини можат да најдат информации за законодавството на ЕУ поврзано со фер комерцијалните практики, што би им помогнало да се прилагодат и да ги почитуваат правилата. Платформата нуди анимирани видео обуки и архива на регулативи, преку кои инфлуенсерите можат да ги дознаат нивните законски обврски, особено кога, каде и како треба да ги објават своите рекламни активности на социјалните медиуми, како и кои права ги имаат потрошувачите кога купуваат производи или услуги директно од нив. сп/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан