• четврток, 07 ноември 2024

Екстремно високи температури на површината на морето во Грција

Екстремно високи температури на површината на морето во Грција

Атина, 16 април 2024 (МИА) – Од два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на вчерашниот ден споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Порталот пишува дека паралелно со екстремно високите вредности на температурата на воздухот забележани во земјата, температурата на површината на морето е на досега екстремно високо ниво за конкретниот период, а во јужниот дел на Јонското море и во источниот дел на Егејското море биле регистрирани температури од над 20 степени Целзиусови во првите десет сантиметри под површината на морето.

Во текот на вчерашниот ден, температурата на морската површина била за пет степени повисока во северниот дел на Егејското море, споредбено со истиот период во изминатите над 15 години. ср/

Фото: Метео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан