• понеделник, 19 август 2024

Експресна победа за македонските одбојкари на гостувањето во Грузија

Експресна победа за македонските одбојкари на гостувањето во Грузија

Тбилиси, 17 август 2024 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација со убедлива победа ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. 

Попладнево во Тбилиси, Македонија ја победи Грузија со убедливи 3:0, по сетови (25:12, 25:14 и 25:18).

По осум дена (25 август) македонските одбојкари ќе ја пречекаат Грција во рамките на 2. коло од квалификациите за ЕП 2026 група-Ф.

Директен пласман на Европското првенство ќе обезбеди само првопласираната репрезентација. зс/

Фото: ОФМ

Остани поврзан