• вторник, 24 декември 2024

Експерти за вино од повеќе држави го посетија Вински музеј во Кавадарци

Експерти за вино од повеќе држави го посетија Вински музеј во Кавадарци

Кавадарци, 6 декември 2023 (МИА) - Експерти за вино од повеќе држави денеска  го посетија Вински музеј во Кавадарци, во рамките на посетата на кавадаречка општина и Здружението на семејни винарии со седиште во овој град. Претседателот на Здружението, Горан Јаковлевски појасни дека станува збор за вински експерти од меѓународниот вински натпревар посветен на сортата ,,вранец", што се одржува во Велес, а се оценуваат македонските, како и регионалните вина од сортата ,,вранец" од земјите на Балканот. Тој потсети дека целта на натпреварот е да се истакнат најдобрите вина произведени од оваа сорта со висок потенцијал и да го промовира вранецот и балканскиот вински полуостров низ светот.

-  Малите семејни винарии се покажаа како вистинско освежување на македонската винска карта и значаен потенцијал за развојот на винскиот туризам. Со законските олеснувања и грантовите се зголемува интересот за мали семејни винарии и нивниот број расте, рече Јаковлевски во изјава за МИА. 

Директорката на Музејот, Весела Честоева изрази задоволство што се посетени од вински експерти и ги запозна со историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот лозаровинарски регион во државата. Таа даде осврт на музејските  поставки, со особен акцент на оние, што се особено вредни во винскиот свет. свд/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан