• сабота, 23 ноември 2024

Експертите за здравствените системи од Западен Балкан се обврзуваат да го забрзаат пристапот до услугите за сексуално и репродуктивно здравје и права

Експертите за здравствените системи од Западен Балкан се обврзуваат да го забрзаат пристапот до услугите за сексуално и репродуктивно здравје и права

Скопје, 24 септември 2024

- Експертите за здравствениот систем од Западен Балкан, денеска во Скопје, се состанаа да разговараат за начините на забрзување на интеграцијата на услугите за сексуално и репродуктивно здравје и права во нивните планови за универзална здравствена покриеност, како клучна стратегија со цел сите луѓе да имаат пристап до основните услуги за сексуално и репродуктивно здравје и права.

На овој начин ќе се обезбеди основните услуги за сексуално и репродуктивно здравје да бидат достапни бесплатно за оние на кои им се потребни, во текот на нивниот животен век, вклучително и најранливите популации.

Жените и девојчињата од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици - образованието за сексуалното и репродуктивното здравје и права за младите е ограничено или непостоечко, како и информациите и советодавните услуги за сексуално и репродуктивно здравје и благосостојба, методите за планирање на семејството се недоволни, а пристапот до услугите за планирање на семејството не се покриени со здравственото осигурување.

Исто така, постои мала покриеност и/или искористување на превентивни услуги, како што се вакцинација против хуман папиломавирус (ХПВ) и скрининг за рак на грлото на матката и на дојката. Квалитетот на грижата за време на бременоста и породувањето може дополнително да се подобри, како и превенција и ран третман на сексуално преносливи инфекции.

„Многу луѓе од Западен Балкан сè уште немаат пристап до неопходната здравствена заштита за нивното сексуално и репродуктивно здравје и права поради придружните трошоци, одредена форма на дискриминација или поради нивната неможност да донесуваат сопствени одлуки за здравјето и грижата за своите тела“, вели д-р Џастин Коулсон, претставничка на УНФПА за Босна и Херцеговина, директорка за Република Албанија, Република Северна Македонија, Република Србија и за Косово (UNSCR1244).

Тридневниот настан е во организација на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и ги обединува експертите за здравствените системи од Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија, како и од Косово (UNSCR 1244).

Услугите за сексуално и репродуктивно здравје, вклучително и здравјето на мајките, планирањето на семејството, здравјето на адолесцентите и превенцијата на болести, се од суштинско значење за промовирање на правична здравствена заштита. Со интегрирање на овие услуги во универзалната здравствена покриеност, земјите можат да обезбедат никој да не биде изоставен, со посебен акцент на подобрување на пристапот за маргинализираните групи. Исто така, со обезбедување универзален пристап до здравствени услуги за сите, може да се спречат смртни случаи и состојби што се предизвикани од фактори поврзани со репродуктивното здравје.

„Основата на работата на СЗО за сексуалното и репродуктивното здравје и права е нашата посветеност кон генерирање докази и истражување за иновативни технологии и пристапи, објавување глобални упатства и нормативни стандарди и поддршка на земјите во спроведувањето на овие упатства за зајакнување на здравствените системи. Оваа работилница е одраз на таа посветеност“, вели д-р Аким Али, претставник на СЗО и шеф на Канцеларијата во Северна Македонија.

Учесниците на настанот ќе добијат увид во успешните стратегии за интеграција на услугите како што се здравјето на мајките и адолесцентите и планирањето на семејството во националните здравствени системи. Дополнително, работилницата ќе го зајакне капацитетот на носителите на одлуки, програмските менаџери и граѓанското општество да дадат приоритет и да се залагаат за сексуалното и репродуктивното здравје во националните планови, со акцент на пристапот во примарната здравствена заштита.

Настанот означува значајна пресвртница во усогласувањето на националните здравствени агенди со глобалните приоритети, со  фокус на сексуалното и репродуктивно здравје како суштински елемент кон универзалната здравствена покриеност на секоја држава.

СЗО и УНФПА, во соработка со Министерство за здравство

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото СЗО и УНФПА, во соработка со Министерство за здравство

 

Остани поврзан