• сабота, 06 декември 2025

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачи 32 записника за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачи 32 записника за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Во текот на февруари 2025 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготвила и врачила 32 записника за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници вкупно 11, се изготвени во скопската општина Чаир.

Како што соопштија денеска од ЈП Комунална хигиена-Скопје,  Еко-патролата секојдневно спроведува и интервентни дежурства на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Центар, Карпош и Чаир.

- Во општината Центар е интервенирано на ул. „Тодор Александров“, на потегот кон Средно Водно, каде што се подигнати 15 кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања, како и на улиците „Рузвелтова“ и „Орце Николов“  каде што се расчистени вкупно 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања. Во општината Карпош се подигнати 15 кубни метри кабаст отпад одложени на јавна површина на улицата „Прашка“. Две обемни диви депонии се отстранети и во општината Чаир, на улицата „Џон Кенеди“, до ООУ „Васил Главинов“, како и на улицата „Славеј Планина“,
во непосредна близина на скопското Теќе, каде што се подигнати вкупно 30 кубни метри отпад одложени на јавни и сообраќајни површини, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје. цр/дма/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан