ЕИБ ќе инвестира уште шест милијарди евра во европскиот одбранбен сектор
- Европската инвестициска банка (ЕИБ) има намера да ги зголеми инвестициите во европскиот одбранбен сектор, со тоа што ќе инвестира уште шест милијарди евра во него.Тоа го најави претседателката на ЕИБ, Надија Калвињо според која, меѓу областите во кои банката инвестира се производството на дронови и сателити, како и технолошки решенија за подобрување на кибер безбедноста.
Луксембург, 24 јуни 2024 (МИА) - Европската инвестициска банка (ЕИБ) има намера да ги зголеми инвестициите во европскиот одбранбен сектор, со тоа што ќе инвестира уште шест милијарди евра во него.Тоа го најави претседателката на ЕИБ, Надија Калвињо според која, меѓу областите во кои банката инвестира се производството на дронови и сателити, како и технолошки решенија за подобрување на кибер безбедноста.
„Планиравме оаум милијарди евра за инвестиции во оваа област (одбрана - забелешка изд.), од кои се инвестирани само две милијарди“, вели првиот човек на Европската инвестициска банка.
Калвињо додава дека ЕИБ создала специјален тим од експерти кои се одговорни за инвестирање на преостанатите шест милијарди евра.
„Може да се очекува во втората половина од годината да се изработат голем број проекти“, рече Калвињо.
Таа се фокусира на проекти поврзани со подобрување на граничната безбедност, операции за деминирање и изградба и одржување воени болници.
Европската инвестициска банка е во заедничка сопственост на земјите од Европската унија.
Меѓу проектите во одбранбениот сектор кои ЕИБ финансиски ги поддржа се и изградбата на сателити кои Полска ќе ги користи за надзор. Банката ги финансираше и активностите на германски производител на дронови. Сепак, таа се воздржа од финансирање на производството на муниција.
Неодамна Европската инвестициска банка ги промени правилата според кои ја спроведува својата инвестициска политика. Новите услови овозможуваат да дава кредити на компании од одбранбениот сектор или индиректно да инвестира во нив.
Таа одлука е уште еден скромен обид на Европа да се справи со Русија, која целата своја економија ја стави на воена основа, наведуваат западни медиуми. рп/
Фото: МИА архива