Едно лице загина, двајца се повредени во напад со нож на пазар во јужен Лондон
- Еден човек загина, а двајца други се повредени откако маж со нож нападна полн неделен пазар во Волворт, јужен Лондон, пишува „Сан“.

Лондон, 10 ноември 2024 (МИА) – Еден човек загина, а двајца други се повредени откако маж со нож нападна полн неделен пазар во Волворт, јужен Лондон, пишува „Сан“.
Полицијата околу 11:40 часот добила повик дека повеќе луѓе се избодени со нож на улицата „Ист“.
И покрај напорите на итната помош, кај еден маж е констатирана смрт на местото на настанот.
На местото на настанот е уапсен маж за кој се верува дека има околу шеесет години.
Инцидентот не се третира како тероризам, а истрагата е во тек, соопшти полицијата. јт/
Фото: МИА архива