Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
- Едно лице загина, а 30 се повредени во судир на автомобил и автобус во близина на Мали Пожаревац, околу 40 километри јужно од Белград

Белград, 29 мај 2024 (МИА) – Едно лице загина, а 30 се повредени во судир на автомобил и автобус во близина на Мали Пожаревац, околу 40 километри јужно од Белград.
Сообраќајната несреќа се случи утрово кога се судрија автобус на приградска линија и патнички автомобил, при што загина возач на патничкото возило.
Поголемиот број од патниците се здобиле со полесни повреди. На повредените им се укажува помош во Ургентниот центар. ми/
фото: Инстаграм