• понеделник, 23 септември 2024

Еден полицаец убиен, четворица ранети додека обезбедувале странски дипломати во Пакистан

Еден полицаец убиен, четворица ранети додека обезбедувале странски дипломати во Пакистан

Исламабад, 22 септември 2024 (МИА) - Еден полицаец загина, а четворица се повредени во експлозија на бомба во североисточен Пакистан.

Во моментот на експлозијата загинатиот полицаец бил на должност за безбедност на десетина странски дипломати.

-Безбедносните службеници кои го водеа конвојот беа цел на бомбата, соопшти пакистанската полиција.

Како што се наведува, делегација на странски дипломати била во посета на Стопанската комора, но никој од нив не е повреден во експлозијата и сите се безбедни. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан