• понеделник, 23 декември 2024

Еден-два победа за Мерцедес на белгиското Гран-при

Еден-два победа за Мерцедес на белгиското Гран-при
Спа, 30 август 2020 (МИА) – Луис Хамилтон од Мерцедес го освои првото место на денешната трка во шампионатот во Формула 1 возена за Големата награда на Белгија За Хамилтон ова беше 83 победа во кариерата, петта од почетокот на сезоната и четврта на патеката „Спа Франкоршам“. Клупскиот колега на Британецот, Валтери Ботас го освои второто место и ја потврди доминацијата на Мерцедес и оваа сезона во Ф1. Од третото до десеттото место се пласираа: Макс Верстапен (Ред Бул), Даниел Рикардо (Рено спорт), Естебан Окон (Рено спорт), Алекс Албон (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), Пјер Гасли (Алфа Таури), Ленс Строл (Рејсинг поинт), Серхио Перез (Рејсинг поинт). Хамилтон продолжува да ја зголемува предноста пред своите конкуренти во Генералниот поредок. По седум трки тој има 157 бода, пред Верстапен кој собра 110 и Ботас со 107. зс/

Остани поврзан