Евробарометар: Граѓаните на Бугарија, Литванија, Хрватска и на Словенија најнезаинтересирани за вакцинација против Ковид-19
- Според резултатите од истражувањето на Евробарометар, четири земји-членки на Европска Унија - Бугарија, Литванија, Хрватска и Словенија се најнезаинтересирани за вакцинација против Ковид-19

Загреб, 8 октомври 2021 (МИА) - Според резултатите од истражувањето на Евробарометар, четири земји-членки на Европска Унија - Бугарија, Литванија, Хрватска и Словенија се најнезаинтересирани за вакцинација против Ковид-19.
Околу 25 отсто од испитаниците во овие држави изјавиле дека никогаш нема да се вакцинираат. Во Бугарија нивниот процент е 26, во Литванија и Словенија - 24, а во Хрватска 22 отсто се изјасниле дека не сакаат да се вакцинираат.
Повеќе од половината испитаници во 22 земји-членки на ЕУ потврдија дека сакаат да се вакцинираат што побрзо или дека веќе се имунизирани.
Најмногу вакцинирани се во Малта, Холандија и Ирска – 87 проценти, потоа следат Белгија - 86, Шпанија - 85, Шведска - 84 и Данска со 83 отсто. ми/