• сабота, 09 ноември 2024

ЕВН: Дел од корисниците од Средорек по плаќањето ќе имаат електрична енергија 

ЕВН: Дел од корисниците од Средорек по плаќањето ќе имаат електрична енергија 

Куманово, 10 јануари 2024 (МИА) - По протестот во кумановската населба Средорек, од ЕВН велат дека дел од жителите се исклучени поради неплатен долг, како и дека штом ги платат сметките ќе имаат електрична енергија.

-Дел од корисниците од населбата Средорек имаат долг за електрична енергија, со што ги исполнуваат условите за исклучување согласно законската регулатива која важи низ целата држава. Овие корисници не ги платиле фактурите за потрошена електрична енергија и затоа се исклучени. По намирување на долгот, веднаш ќе бидат повторно приклучени, наведуваат од ЕВН. ам/мч/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан