• понеделник, 03 март 2025

ДУИ со поддршка за новата Директива на Комисијата на ЕУ за борба против корупцијата

ДУИ со поддршка за новата Директива на Комисијата на ЕУ за борба против корупцијата

Скопје, 2 март 2025

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја истакна својата целосна поддршка за предложената Директива на Европската комисија за борба против корупцијата, која има за цел да ја модернизира постојната антикорупциска правна рамка на ЕУ. Оваа иницијатива е усогласена со тековната посветеност на ДУИ за интегритет и транспарентност, во момент кога партијата започна сеопфатни внатрешни реформи, вклучувајќи ветинг на партиските претставници и поддршка на партиските личности кои имаат највисоки стандарди на интегритет. Предложената Директива на ЕУ претставува значаен чекор напред во справувањето со корупцијата преку градење култура на интегритет.

Директивата на ЕУ, која се усогласува со ставот на ДУИ за неопходност од ветинг, се фокусира на создавање специјализирани тела со соодветни ресурси и обука за ефикасно спречување и борба против корупцијата. Директивата ќе осигури дека активностите на јавниот сектор се придржуваат до највисоките стандарди преку отворен пристап до информации, ефективно справување со случаи на судир на интереси, откривање и верификација на имотот на јавните службеници и јасни регулативи кои ја регулираат соработката меѓу јавниот и приватниот сектор.

ДУИ ја поддржува новата Директива на ЕУ за борба против корупцијата која ги усогласува дефинициите за корупциски престапи, вклучувајќи мито, трговија со влијание, злоупотреба на функции, попречување на правдата и незаконско збогатување. Исто така, со зголемување и усогласување на казнените санкции за физички и правни лица, се утврдуваат јасни насоки за отежнувачки и олеснителни околности.

Новата директива на ЕУ, исто така, ќе обезбеди ефективни истраги и гонење преку поддршка на органите за спроведување на законот и обвинителите со потребните алатки за ефикасна борба против корупцијата. При спроведувањето на транспарентни правни процеси, исто така е важно да се укинат привилегиите и имунитетот за време на истрагите, како и да се воведат минимални правила за да се обезбеди доволно време за гонење на корупциски дела.

Поддршката на ДУИ за Директивата на ЕУ ја нагласува нејзината посветеност на негување култура на интегритет и транспарентност, не само во партијата и на пошироката политичка сцена. Како дел од својата реформска агенда, ДУИ спроведува темелен процес на ветинг на своите службеници и е посветен на воведување на поединци со лидерски потенцијал, кои се пример за интегритет и одговорност.

ДУИ верува дека усвојувањето на оваа Директива ќе ги усогласи антикорупциските стандарди низ ЕУ, зголемувајќи ја способноста за справување со корупцијата и во домашни и прекугранични случаи. Директивата воедно дава и можност граѓанското општество активно да учествува во постапките, а со тоа се зајакнува борбата против корупцијата.

Демократската унија за интеграција останува цврста во својата заложба за борба против корупцијата и поттикнување транспарентна и одговорна рамка за добро управување во Северна Македонија и пошироко.

Демократска унија за интеграција (ДУИ)

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан