• сабота, 23 ноември 2024

ДУИ: Незаконскиот договор на приватниот српско-бугарски коцкарски монопол им овозможи профит од над 100 милиони евра

ДУИ: Незаконскиот договор на приватниот српско-бугарски коцкарски монопол им овозможи профит од над 100 милиони евра

Скопје, 5 ноември 2024

 

Демократската унија за интеграција преку Прес конференција откри скандалозни податоци за најголемиот криминал во последната деценија преку злоупотреба и искористување на институциите.

 


Демократската унија за интеграција вчера откри скандалозни податоци за најголемиот криминал во последната деценија преку злоупотреба и искористување на институциите.

Вчера откривме дека коцкарскиот монопол во државата под контрола на српско-бугарската приватна компанија го финансирала новиот директор на државната лотарија Климовски со над 140.000 евра, додека тие за себе заработиле над 100 милиони евра на сметка на државата и граѓаните. 

Оваа огромна добивка, омилената српско-бугарска компанија на Изет Меџити и Арбен Таравари, ја оствари со целосно незаконски Договор. 

За депозит од само 1 милион евра, без согласност на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на приватната српско-бугарска компанија и се дава монопол, со државна заштита, и и се овозможува да оствари профит од над 100 милиони евра.

Во договорот за основање на трговското друштво не е предвидено ниту времетраење на договорот ниту начин на неговото раскинување.

Членот 17 од договорот е целосно спротивен на член 7 став 3 од Законот за коцкање.

Имено, Законот ја обврзува Државната лотарија на Република Македонија при основање на вакво трговско друштво, не само да има мнозинство во капиталот од најмалку 51%, туку и во одлучувањето.

Членот 17 од Договорот предвидува дека се носат низа одлуки (како оние за распределба на добивката, избор на членови на надзорен и управен одбор...), вклучувајќи ја и Одлуката за измена на договорот за основање на друштвото. со мнозинство од 100% од гласовите на содружниците.

Со вака напишаната одредба во Договорот, Државната лотарија на Република Македонија не само што нема мнозинство во одлучувањето и следствено на тоа нема контрола поради јавниот интерес, туку и дава право на вето на српско-бугарската приватна компанија. 

Ова е незаконски, го оштетува буџетот, го прекршува законот и треба веднаш да се укине и да се одговара. 

А, кога ги откривме овие фрапантни скандали, во одбрана на српско-бугарската приватна компанија, како што очекувавме, излезе ВРЕДИ.

Вреди,  Изет Меџити Меџити и Арбен Таравари се ставија во целосна услуга на монополот во коцкарската индустрија на српско-бугарската приватна компанија и директорот на Лотарија Александар Климовски бидејќи се финансирани од нивните. 

Вреди ги измами Албанците, го именува Амет Мифтари заменик-директор во Лотарија, не затвори ниту едно казино, кладилница, слот клубови, дури ни онлајн коцкањето не го укина, двапати по ред гласаше против нивното затворање во Собранието и продолжува слепо да и служи на коцкарската индустрија.

Демократска унија за интеграција 

Фото: Демократска унија за интеграција 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан