• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ го обвини Касами дека милиони евра од општината преку тендери ги дава на едно семејство

ДУИ го обвини Касами дека милиони евра од општината преку тендери ги дава на едно семејство

Тетово, 1 март 2024 (МИА) - Огранокот на Демократска унија за интеграција (ДУИ) од Тетово одржа прес-конференција пред зградата на Општина Тетово и обвинија дека милиони евра од буџетот на општина Тетово се слеани на сметките на три фирми во сопственост на едно семејство.

Според ДУИ, сопствениците и членовите на блиските семејства на овие фирми не ја кријат поврзаноста што ја имаат со челниците на Општина Тетово и раководството на Движењето Беса, објавувајќи фотографии од различни партиски средби.

-Фирмите Еко Пеу, Ереу Транс и Мујо Ба добивале тендери исклучиво од општина Тетово и од ниту една друга институција. Значи единствен извор на приход била сметката на Општина Тетово. Уште поинтересен е фактот што две од овие фирми имаат само по еден вработен, а на тендери добиле милиони евра. Сомнежот уште повеќе расте кога ќе се сфати дека овие горенаведени фирми имаат сосема поинакви активности од работата што се обврзани да ја вршат според договорите потпишани, меѓу нив и општина Тетово. Ова не го кажуваме само ние, тоа го кажуваат и многу медиуми кои внимателно ги истражувале фактите и начинот на тендерирање. Врската меѓу овие интересни групи оди уште подалеку кога ќе се додаде дека актуелниот раководител за урбанизам во општина Тетово е член на семејството и пријател на сопствениците на споменатите фирми, а порано бил вработен во истите фирми кои сега добиваат тендери вредни милиони од Општина Тетово, истакнаа од ДУИ Тетово.

Тие го повикаа Обвинителството да го истражи случајот и да ги извади на виделина криминалот и корупцијата

-Билал Касами ги наградува донаторите на партијата со милиони евра од парите на граѓаните. Билал Касами докажува дека Општина Тетово ја гледа како алатка за олеснување на партиските милитанти и неговите донатори, а сето тоа оди на сметка на граѓаните на Тетово. Јавно ги прашуваме Билал Касами и неговиот мафијашки клан, како ги поставиле условите за тендер и како успеале да ги исклучат сите други фирми од јавните набавки? Колку тајни средби одржале со сопствениците на Мујо-ба пред да го распишат тендерот? Како има лице да излезе и да зборува за успеси и работа кога после секоја завршена работа се крие коруптивна и криминална афера? Ова е само едно од делата на овој мафијашки клан што ја води Општина Тетово, кој секогаш доаѓа на сметка на тетовчани, рекоа од ДУИ Тетово.

Партискиот огранок упати јавен апел до Антикорупциската комисија да го истражи случајот и да даде извештај.

Пред три дена на новинарско прашање за истите фирми, Касами рече дека не одлучува за избор на компании при тендери. Според Касами, Општина Тетово иако работи според законите, секојдневно е под контрола на централните институции и при најмала неправилност очекува да биде приведен.

-Јас ги повикувам сите ако некој има информација за злоупотреба ние сме отворени за соработуваме. Јас не сум тој што одлучува која фирма кој тендер може да го добие. Ние сме опозициска општина и кога нема реално сомневање, имаме пример кога секторот за организиран криминал при СВР Тетово ни тропа на врата и кај што нема ингеренции. Во делот на нелегалните градби, таму тие можат да реагираат само по налог на јавен обвинител ако има организиран криминал. Тие тропаат на врата и за работен однос, во училиштето Лирија каде што е проблем работен однос со вработените тие одат од организиран криминал каде што има трудова инспекција, просветна инспекција. Во ситуациите каде што нема полиција ни тропа. Им гарантирам на граѓаните дека, да имало и  најмало сомневање за Општина Тетово јас денес ќе бев во врзани раце во полиција и Обвинителство, истакна Касами. ас/сст/

фото ДУИ Тетово 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан