ДУИ: Изјавите на министерката Јаневска претставуваат тешка навреда за Албанците
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 2 декември 2024
Изјавите на министерката за образование Весна Јаневска претставуваат тешка навреда за Албанците во Северна Македонија и обид да се избрише сеќавањето и жртвите на албанскиот народ. Да се каже дека УЧК „не значи ништо за оваа држава“ е неприфатлив чин кој покажува недостиг на почит кон значаен дел од населението и е обид за негирање на придонесот на Албанците во оваа земја.
УЧК не е „ништо“ за Албанците – таа е симбол на жртвување за еднаквост, правда и достоинство. За Албанците, УЧК претставува борба за поправедно општество и за изградба на држава каде што секој граѓанин ќе биде еднаков. Секој обид за негирање на оваа историска вистина е чин на дискриминација што ги продлабочува меѓуетничките поделби и сериозно ја нарушува општествената хармонија.
Овој селективен и лицемерен пристап е неприфатлив. Да се величаат Комитите, а да се омаловажува УЧК, е доказ за двојните стандарди и недостатокот на искреност од оваа влада.
Како може да градиме заедничко општество кога една министерка за образование, наместо да промовира вредности на еднаквост и меѓусебна почит, зборува со исклучувачки и навредлив јазик за еден дел од граѓаните на оваа земја? Дали ова е начинот на кој оваа влада има намера да промовира соживот и да гради заедничка иднина за сите?
Демократската унија за интеграција најостро го осудува овој пристап и бара министерката веднаш да ја повлече навредливата изјава и да се извини јавно. Исто така, бараме од оваа влада да рефлектира и да престане со користење на двојни стандарди кои ги продлабочуваат поделбите и ги зголемуваат меѓуетничките тензии.
УЧК за Албанците е историја, жртва и наша гордост. Секој што го потценува овој важен симбол треба да разбере дека не може да гради заедничка иднина со навредување и исклучување на целиот еден народ. Албанците секогаш придонесувале за оваа држава и никогаш нема да дозволат нивната историја да се сведе на „ништо“.
Веројатно оваа изјава е координирана со вашите коалициски марионети, Вреди.
ДУИ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: МИА архива