• петок, 08 ноември 2024

Државно јуниорско првенство во кајак на диви води на Вардар во Велес

Државно јуниорско првенство во кајак на диви води на Вардар во Велес
Велес, 5 септември 2021 (МИА) – На патеката во водите на Вардар под Стар Мост во Велес денеска се одржа Државното првенство во кајак на диви води за јуниори. - Учество земаа 67 млади кајакари - јуниори до 18 години од Кајакарските клубови „Просек“ од Демир Капија, „Илинден“ од Скопје и трите велешки „Гемиџии 903“ „Вардар“ и „Бабуна“, информира за МИА Валентин Хаџи Арсов од КК „Гемиџии 903“, еден од организаторите на првенството кое го организира Кајакарската Федерација на Македонија во соработка со велешките кајакарски клубови. Во категоријата Ц-1 мажи првото место и златниот медал и пехар го освои Ангелче Петрушевски од КК „Вардар“ од Велес, втор беше Коце Игњатов од КК „Бабуна“ од Велес и трет Стефан Рибарски од КК „Вардар“ од Велес. Во категоријата К-1 жени првото место и златниот медал и пехар го освои Олгица Мејлова од КК „Просек“ од Демир Капија, втора е Ангела Димова од КК „Бабуна“ од Велес и трета Марија Пановска од КК „Гемиџии“ од Велес. Во категоријата К-1 мажи  прв повторно е Ангелче Петрушевски  од КК „Вардар“ од Велес, втор Стефан Рибарски од КК „Вардар“ од Велес и трет Коце Игњатов од КК „Бабуна“ од Велес. Ангелче Петрушевски, еден од најуспешните млади македонски кајакари, за МИА изјави дека е пресреќен од освојувањето на двете први места, што се должи на неговото напорно и дисциплинирано вежбање. Воедно информира дека деновиве напорно вежба со два тренинга дневно и се подготува за учество на Светското првенство во кајак на диви води за сениори што од 22 до 26 септември ќе се одржи во Братислава. Петрушевски кој има само 17 години е единствен македонски кајакар кој во Братислава ќе ја претставува нашата земја. ад/мс/

Остани поврзан