Државните комисии за жалби по јавни набавки од ЈИЕ потпишаа Меморандум за соработка
- Во рамки на регионалната соработка на телата за правна заштита во постапките за јавни набавки, денеска во Тирана, Република Албанија, беше потпишан Меморандум за соработка на државните комиси

Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на регионалната соработка на телата за правна заштита во постапките за јавни набавки, денеска во Тирана, Република Албанија, беше потпишан Меморандум за соработка на државните комисии од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, и Словенија.
Со Меморандумот се етаблира мрежа на жалбени тела од Југоисточна Европа, со градење на правната пракса и добрите европски практики. Преку неа ќе се споделувааат искуства и ќе се градат заеднички ставови на системите за правна заштита и спроведување на европските директиви.
Во рамките на настанот претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки Кирил Каранфилов оствари и билатерална средба со претседателот на Комисијата за жалби по јавни набавки на Република Албанија. мч/лв/