• сабота, 23 ноември 2024

Дрво вирее среде Мртвото Море

Дрво вирее среде Мртвото Море
Арад, 30 јули 2021 (МИА) - Дрво што расте на остров од бела сол, среде Мртвото Море - не е глетка што некој би можел да ја очекува. Но, тоа е тука - недалеку од плажата Ајн Бокек, кај градот Арад, во Израел. Со концентрација на сол 10 пати поголема од онаа на океанот, науката вели, Мртвото Море не може да поддржи никаква флора или фауна. Па сепак, близу израелското одморалиште на исто толку чудниот, а убав солен остров, опкружен со тиркизна вода, вирее и дрво што, би очекувале - нема место тука, а го нашло своето место овде. Патем, овие мали островчиња и околните слични солени брегови, се убави за око, но ако сакате да ги кристите како плажи за сончање, тоа би било многу болно, предупредуваат познавачите.  си/

Остани поврзан