• сабота, 23 ноември 2024

Драмски театар со монодрамата „Кармен“ гостува во Велес

Драмски театар со монодрамата „Кармен“ гостува во Велес
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Претставата ќе биде изведена во рамките на оф-програмата на фестивалот на 20ти октомври во 22 часот на сцената на НТ „Ј.Х.К. Џинот“, Велес. Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска е член на жири-комисијата на 19то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Останатите членови на жирито се актерот Ѓорѓи Јолевски и театарскиот режисер Деан Дамјановски. Фестивалот на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври во НТ „Ј.Х.К. Џинот“ во Велес со богата официјална селекција, придружна програма и оф – програма на фестивалот. мч/лв/

Остани поврзан