• среда, 27 ноември 2024

ДПА почна изборна кампања за вонредните избори за Совет на Општина Тетово

ДПА почна изборна кампања за вонредните избори за Совет на Општина Тетово
Тетово, 1 август 2022 (МИА) - Демократската партија на Албанците (ДПА) синоќа ја започна изборната кампања за вонредните избори за Совет на Општина Тетово. Промотивниот собир на партијата се одржа во гимназијата во Тетово. -На оваа средба беше промовирана листата на кандидати за општински советници. Кандидатите за советници одржаа говори пред присутните, Бесарт Аслани, Фатима Кучи и носителот на листата Висар Палоши кој ги откри проблемите со кои и понатаму се соочува Тетово и вети решение за овие проблеми, информираа од прес-службата на ДПА. На оваа средба присуствуваше и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Тој на присутните им се обрати со пригоден говор и на кандидатите за советници им посака успех во кампањата. ас/рп/

Остани поврзан