До 21 часот до ДИК поднесени 82 приговора, заврши рокот за приговори за постапката на гласање
- Вкупно 82 приговора се поднесени до 21 часот вечерва, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Вечерва во 21 часот заврши рокот за поднесување приговори за постапката на гласање, а п
Скопје, 17 јули 2020 (МИА) – Вкупно 82 приговора се поднесени до 21 часот вечерва, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Вечерва во 21 часот заврши рокот за поднесување приговори за постапката на гласање, а продолжува да тече до утре до 19 и 30 часот рокот за приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените Парламентарни избори.
Најголем број од приговорите, 74, се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ. ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите.
Претходно, во текот на денот, до ДИК пристигнаа пет приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.
До 21 часот вечерва можеа да се поднесуваат приговори за постапката на гласање, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите приговори може да се доставуваат до утре, до 19 часот и 30 минути.
Роковите за приговори почнаа да течат синоќа, кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.
По завршување на роковите за поднесување приговори, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува.мч/скс/