• понеделник, 23 декември 2024

До ДИК пристигнале 13 приговори, седум од ТМРО и шест од СДСМ

До ДИК пристигнале 13 приговори, седум од ТМРО и шест од СДСМ
Скопје, 2 ноември 2021 (МИА) - До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска заклучно со 15 часот поднесени се вкупно 13 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

- Поднесени се седум приговори од подносителот политичка партија ТМРО, кои се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане, соопшти ДИК.

Државната изборна комисија информира дека се поднесени и шест приговори од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на постапката за гласање, односно постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче и избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани. нд/дма/

 

Остани поврзан