• среда, 26 февруари 2025

Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси да победа над својот поранешен клуб

Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси да победа над својот поранешен клуб

Лос Анџелес, 26 февруари 2025 (МИА) - Лос Анџелес лејкерс утринава го совлада Далас на домашен терен со 107:99 во натпревар од регуларниот дел од НБА-сезона.

Поранешниот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ забележа трипл-дабл - 19 поени, 15 скока и 12 асистенции. 

На почетокот на февруари, Маверикс го разменија Словенецот со Лејкерси за Ентони Дејвис, кој го пропушти натпреварот поради повреда.

Лејкерси го добија третиот последователен натпревар и се искачи на четвртата позиција во Западната конференција. Далас е деветти. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан