• вторник, 24 декември 2024

Доноху: Потребна е решителна, постепена и реална фискална консолидација за зајакнување на издржливоста на економијата на Еврозоната 

Доноху: Потребна е решителна, постепена и реална фискална консолидација за зајакнување на издржливоста на економијата на Еврозоната 

Брисел, 25 октомври 2023 (МИА) - Издржливоста на економијата на Еврозоната во економски контекст и натаму е поголем предизвик и покрај што таа е поддржана од поволните услови на пазарот на трудот и добро спроведените реформи, но потребна е решителна, постепена и реална фискална консолидација за зајакнување на фискалната одржливост, продолжување на структурните реформи и заштита и зголемување на инвестициите за обезбедување одржлив раст, наведува првиот човек на Еврогрупата, Паскал Доноху во писмо испратено до претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел во пресрет на Самитот на Унијата закажан за утре и задутре. 

Доноху во писмото информира за активностите на Еврогрупата преземени во последните месеци за унапредување на пазарот на капитал на ЕУ и за да се осигури дека европските пазари може да привлечат инвестиции од приватниот сектор, да се соочат со заедничките предизвици и да овозможат Унијата да покаже лидерство во зелените и дигиталните транзиции. 

Тој, исто така, ја нагласува сегашната отпорност на банкарскиот сектор на ЕУ и покрај превирањата во глобалниот банкарски систем.

- Треба да продолжи работата за комплетирање на Банкарската унија, вклучително и завршување на преговорите за законодавниот пакет на Комисијата за Рамката за управување со кризи и осигурување на депозити во рамките на овој институционален циклус, како и за финализирање на реформата на Европскиот механизам за стабилност, додава Доноху во писмото. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан