Донација од компјутерска опрема од ИОМ за Одделот за криминалистичко разузнавачка анализа во МВР
- Ми претставува особена чест што од Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Скопје, денеска ја обезбедивме донацијата на компјутерска опрема наменета за Одделот за кри
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Ми претставува особена чест што од Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Скопје, денеска ја обезбедивме донацијата на компјутерска опрема наменета за Одделот за криминалистичко разузнавачка анализа, што произлегува од активностите предвидени во рамки на заедничкиот проект на ИОМ, УНХЦР и УНФПА „Миграциски дискурс, политика и планирање базирано на докази“ ќе придонесе за побрзо реализирање на започнатите предвидените проектни активности.
Ова го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
МВР, наведува Спасовски, активно е вклучено во имплементацијата на проектот, а неговата имплементација резултираше со развој на повеќе конкретни активности.
- Во оваа прилика би сакал да ги споменам развојот на новата Резолуција на миграциската политика 2021-2025 година, развојот на Миграцискиот профил на Северна Македонија 2021 година, Индексот за управување со миграциите, унапредување на техничките капацитети на институциите за прибирање и размена на податоци од областа на управувањето со миграциите, обуки за градење на капацитетите на меѓуресорското тело и низа други обуки и активности предвидени во рамките на проектот, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на ФБ. цр/са/