• сабота, 06 декември 2025

ДОМ: Дел сме од „Коалицијата за зелена иднина“, Поповска е ангажирана во нови иницијативи

ДОМ: Дел сме од „Коалицијата за зелена иднина“, Поповска е ангажирана во нови иницијативи

Скопје, 15 август 2025 

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) сака да ја разјасни својата позиција во однос на повторените јавни поврзувања на Лилјана Поповска со нашата партија. Иако ја цениме нејзината досегашна улога во политичкиот живот, сметаме дека е важно да се направи јасна разлика меѓу минатото и сегашната насока на ДОМ, се наведува во соопштението од партијата што МИА го пренесува интегрално. 

Партијата денес се води од принципите на транспарентност, инклузивност и колективна одговорност, преку модел со четворица ко-претседател(к)и. Овој систем ја поттикнува рамноправноста и спречува било каква концентрација на моќ, што претставува значаен исчекор од претходните модели на управување.

Свесни сме дека Лилјана Поповска е ангажирана во нови иницијативи, како што е „Зелен хуман град“ и веруваме дека нејзиниот фокус треба да остане таму. Во таа насока, ДОМ охрабрува почитување на различните политички патеки и избегнување на мешање кое може да создаде недоразбирања или да ја наруши довербата на граѓан(к)ите.

Нашата партија останува посветена на градењето на зелена, инклузивна и европска Македонија преку „Коалицијата за зелена иднина“. Ги повикуваме сите членови и симпатизери да ја поддржат реформската насока и да ги стават заедничките вредности пред индивидуалните интереси.

ДОМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан